Куќен притвор за актерката Силвија Стојановска, на прашањата на новинарите пред судот одговори со „Боже, Боже“

„Боже, Боже“ е единствената изјава што вечерва на излегување од судот ја даде познатата македонска актерка Силвија Стојановска која попладнево доби 30-дневен куќен притвор од Кривичниот суд.

Осомничена е дека била дел од мрежа за шверц со кокаин. Според извори на Алфа од истрагата, се работи за седумстотини килограми кокаин од Шпанија. Наводно Стојановска била од помош односно логистичка поддршка на двајца македонски државјани, браќа, едниот со живеалиште во Скопје другиот во Мадрид.

Инаку за ова дело предвидена е најмалку пет години затворска казна. Покрај Стојановска приведено е уште едно лице. За вториот осомничен одреден е 30-дневен затворски притвор. Стојановска е позната по бројни улоги во театар и филм, а во последно време на малите екрани во серија што оди на една од националните телевизии.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста