Мухамед Зекири ги изнервира интегративците

Се распаѓа ли коалицијата СДСМ-ДУИ? Мухамед Зекири, ги разлути интегративците.
„Никогаш не сум сакал да соработувам со ДУИ, тие се злото за Албанците“
Зекири веднаш би го отпишал Ахмети, но Заев не го дава. Премиерот би и предизборна коалиција со ДУИ, ама Ахмети не сака.
„Имаме стабилни односи со ДУИ. Мухамед Зекири не првпат кажува дека не сака коалиција со ДУИ, но во СДСМ има луѓе кои сакаат. Исто и во ДУИ има што не сакаат да коалицираат со СДСМ“, рече Заев.
Потпретседателот на СДСМ ги обвини коалиционите партнери дека си виновни за лошата состојба во правосудството. И спротивно на законот јавно во телевизиска емисија на своја одговорност пушти снимка од прислушуваните материјали која според него докажува како Сашо Мијалков, Блерим Беџети и Муса Џафери избирале судии.. Реакција за ова стигна и од партијата на Зијадин Села. Велат за нивниот член Љуљзим Алити се води кривична постапка за споделување на прислушувани разговори, но оти сега за Зекири институциите молчат. Баараат неселективна правда.

Бојана Димитријевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста