Теодосиќ повторно потврди каков е кошаркарски виртуоз (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец, Милош Теодосиќ ова лето на голема врата се врати во Европската кошарка и тоа во италјнаскиот гигант Виртус Болоња. Популарниот Тео веќе на стартот на сезоната ја покажува својата класа, а неговите луцидни додавања се специјалност.

Српскиот плејмејкер направи уште една одлична акција во победата на Виртус Болоња. Откако направи дефанзивен скок, Србинот оствари фантастична асистенција, за која зборува цела Италија, но и Европа.

Теодосиќ треба Болоња да ја врати на старите патики и преку Еврокупот да обезбедат пласман во Евролигата следната сезона.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста