Ако го мине Косово, Македонија нема да биде домаќин во финалето на групата Д од Лигата на нациите

Македонската фудбалска репрезентација нема да биде условен домаќин и во финалето на групата Д од Лигата на нациите. Жрепката одржана на пладне во Нион не не посака, па по полуфиналната средба на 26 март со Косово, во која секако, треба да победиме, ние решавачкиот дуел ќе го одиграме на гости. Таму потсетуваме на 31 март следната година би не чекал подобриот од другото полуфинале во кое се Белорусија и Грузија, а тој што ќе слави ќе оди на завршницата од Европското првенство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста