Во дневникот на ТВ Алфа во 17:30 гостуваше Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека денеска ќе се протестира против неправдите, против коруптивните скандали кои што секојдневно се случуваат во Република Македонија, а за сето ова е винова Владата предводена од СДСМ.

-Вечерва со голем број граѓани ќе протестираме. Ќе протестираме против неправдата, ќе протестираме против огромниот број коруптивни скандали, против злоупотребата на институциите, против фактот дека секојдневно нашите граѓани во рамките на судовите, на обвинителства се соочуваат со неправди, со огромни барања за мито и корупција. И сето тоа очигледна создадена една тесна спрега која што постои помеѓу носителите на извршната власт односно владата предводена од Заев и една тесна група на поединци, мала група која што раководи со обвинителствата и судовите во нашата земја, појасни Муцунски.

Муцунски додаде дека е време да се стави крај, и да се каже доста беше, но и истовремено да се каже виновна за сето ова е Владата на Зоран Заев.

Со Тимчо Муцунски разговараше Матеја Петровски