МПЦ-ОА, МАНУ и УКИМ со меморандум за почитување на волјата на македонскиот народ

Во документ, насловен – “Македонски манифест”, трите столба, на македонската државност, и национална посебност, за прв пат во историјата, заедно апелираат. Во обидот, да се почнат преговори со еу – да се почитува вистината, правото, и волјата на македонскиот народ.
Македонската Академија на науките и уметностите, Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ги повикуваат, и ги охрабруваат – претседателот на државава, претседателот на собранието, и претседателот на владата – преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, и со почитување на достоинството на македонскиот народ; да се почитува автохтоноста на македонскиот народ, и неговиот историски, јазичен, културен, и религиски континуитет.
Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет; Да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности – пишува во меморандумот.
Во меморандумот јасно е истакнато дека македонскиот јазик, и неговите дијалектни разновидности, постојат, и надвор од границата на денешна Македонија, и опстојувале со векови; македонскиот идентитет, го црпи својот легитимитет, од повеќе-вековните традиции, обичаи, и колективната меморија.. првите луѓе на трите институции, категорично апелираат: Да се почитува безусловно, слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка, и духовна посебност..
Потписници на меморандумот, се претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев; Архиепископот охридски и македонски, и на Јустинијана Прима, Г.Г Стефан; и ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски. Во периодот кога целиот фокус е на европската иднина, легитимните претставници изразија загриженост за исходот од настаните поврзани со евроинтеграцијата на нашата држава, условени од апсурдните барања на Република Бугарија.
Адријана Алексиеска