Малиот Михаил заминува на лекување, средствата собрани, семејството благодарно
Малиот Михаил од Тетово заминува на лекување.По сторијата на Алфа за ова мало детенце, чија рака била повредена и парализирана при породување, многу граѓани, здруженија од земјава и странство се обединија и за само неколку денови собраа 15 000 евра,пари кои им се потребни на семејството за нивното најмало детенце да може да ја движи левата рака.Лекувањето го започнуваат во белградска клиника.
-Сакам да разјаснам дека финансиските средства кои беа побарани, не се целукупно за болницата, треба да се најде и базент,физикална терапција во друга клиника.Тука спаѓа престој, пат и трошоците кои одат пропратно.Една сесија трае десет дена од терапијата, а помеѓу две сесии треба еден мецес пауза.На нас ни се потребни повеќе сесии, затоа што не знаеме кога ќе пушти нервот, изјави Благородна Ристоска, мајката на Михаил
Семејството е благодарно на хуманите луѓе и апелира повеќе да не се донира, за да нема никакви злоупотреби.После Нова година заминуваат во Србија,каде ќе почнат со терапиите,а подоцна и со вежби и рехабилитација.Семејството се надева дека ќе се избори и ќе заврши нивната голгота, а Михаил конечно да може со двете рачиња да го истражува светот.
Милена Вучевска