Мицкоски ќе биде носител во ИЕ 1, вели дека албанската опозиција треба да го заземе местото на ДУИ

Мицкоски ќе биде носител во ИЕ 1, вели дека албанската опозиција треба да го заземе местото на ДУИ

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на престојните избори ќе биде носител на првата изборна единица. Во интервју за „Република“ тој вели дека  живее во Скопје и логично е да биде на чело на оваа изборна единица. Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања што ќе нуди иднина, кампања што ќе се темели на проекти, реформи и трансформација на Македонија.

Јас сум роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош, општина Карпош е дел од изборната едница 1 и логично е да биде тоа практичко единица во која јас би ја предводел листата на ВМРО и колацијата, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, победата на неговата партија е очекувана, но сепак тој ги охрабрува гласачите да излезат на изборите и да гласаат за крај на владеењето на СДСМ и ДУИ и почеток на трансформацијата на општеството од страна на неговата партија. Мицкоски вели на Македонија и  треба мобилизација и масовност за 61 пратеник за конечно државата да се ослободи од спрегите на лошото владеење. Очекува овој изборен циклус да биде крајот на вледеењето на ДУИ.

Очекувам следните избори ДУИ да бидат многу непријатно изненадени од број на освоени гласови. Ова раководство на ДУИ е сериозно и длабоко вплеткано во криминал. Нашата посакувана опција е да се даде шанса на т.н албанска опозиција.Треба да ѝ се даде шанса на ДУИ да помине одреден период во опозиција да се реструктуира, да освежи со нови идеи. Гледате како збунуваат со пораките – од зелена агенда пред една година почнаа со споменици, обедината Албанија. Водат политика денес за утре, а од друга страна, додека одат од еден на друг споменик се возат во „ролс ројс“ и „мајбах“ и купуваат мултимилионски имоти, рече Мицкоски.

Во интервјуто, Мицкоски зборува и за претседателските избори, нагласувајќи дека веќе се прават подготовки за избор на кандидат за претседател на државата.

Кандидатот треба да биде човек со интегритет, патриот што си ја љуби својата татковина, што ќе обединува а не разединува, ќе се грижи за интересите за Македонија, за идентитетот на македонскиот народ, посветена и работлива личност која што ќе добие поддршка од сите гласачи кои се антивладини.Препознавме многу профили кои се слини на ова што го наведов и ги мериме.Имаме пет-шес т кандидати кои ги анализираме.Но, ние сме демократска партија и согласно статутот ќе имаме оглас со правила за учество на конвенцијата каде што делегатите  ќе одлучат, вели Мицкоски.

Покрај прашањата за изборите, Мицкоски зборуваше и за последниот извештај на Европската комисија кој што е во фокусот на вниманието изминативе денови, како извештај кој има низа критики за целокупоното фукницонирање на државата. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ инфлацијата,нискиот стандард, порастот на криминалот и корупцијата, партизираното обвинителство и судство, се дел од секојдневието на граѓаните и тоа не може да помине незабележано од страна на ЕК.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста