Масовна тепачка на Маврово – наместо да скијаат, си разменувале боксови

Четворица државјани на Косово и четворица Гостиварци си ги рамнеа сметките на терените на мавровскиот ски-центар. При пресметката користеле И спортски реквизити, а  две лица се здобиле со потешки повреди и префрлени на Скопските клиники. Од МВР велат дека е можно за дел од учесниците во тепачката ќе бидат поднесени и кривични пријави за насилство.

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 18:15 часот ги лишиле од слобода: Ј.О.(27), Д.О.(30), Ф.О.(29) и А.О.(19) од Република Косово и Б.Д.(29), Г.Ѓ.(25), М.Ѓ.(41) и С.Ѓ.(30) од Гостивар, поради сомнение за нивна инволвираност во меѓусебна физичка пресметка која околу 14:50 часот се случила на ски-терените на Бистра во Маврово – соопштија од МВР.

Двете лица кои се здобиле со тешки телесни повреди,  им биле констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде во меѓувреме биле пренесени за укажување на лекарска помош. Од таму биле префрлени во комплекс клиники Мајка „Тереза“ во Скопје.  Сите инволвирани се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.

Ден претходно, во масовна тепачка на Попова Шапка беа уапсени четири скопјани, кои нападнале двајца тетовци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста