Експерти: Пролетните температури во јануари не се невообичаени

Пролетните температури во јануари не се невообичаени. Експертите смируваат – ваква појава е забележувана и во минатите години.

Во минатото, посебно во почетокот на јануари значи втори, трети и четврти јануари да имаме релативно високи температури. Така, 1988, 1989, 1960 година, некаде во 1960-тите години, во почетокот на 2000-тите години, истотака имало години кои биле доста снежни, веќе значи втори, трети и четврти јануари – изјави универзитетскиот професор Ивица Милевски.

Сепак, се почестите топлотни бранови се резултат на климатските промени.

Сметаме дека вакви амплитуди ќе станат се позачестени како резулатат на глобалното затоплување и климатските промени и ќе бидат се повеќе изразени, значи не е нешто невообичаено, меѓутоа ќе имаме се почести температурни амплитуди – изјави професорот од ПМФ Ивица Милевски.

Моменталната временска состојба е под влијание на топла воздушна маса од југ, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Најавуваат заладување на времето веќе од утре – изјави дежурниот синоптичар Ленче Ризова, од УХМР.

Промена се очекува веќе од четврток и тоа во попладневните часови, кога ќе имаме исто така зголемено наоблачување со врнежи од дожд, поради спуштање на постудена воздушна маса од север врнежите на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Меѓутоа, тоа се локални врнежи кои сепак, повеќе ќе бидат застапени на западните, а во петок и сабота во јужните делови од земјата.   

Лани температурата во Европа била повисока за еден Целзиусов степен во однос на просекот од 1991-та до 2020-та година.

Јане Трпковски

https://youtu.be/dNkNmuNIFOk
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста