Македонските здравствени власти не размислуваат за нови анти ковид мерки поради новиот сој на Ковид

Во услови кога Европа се затвора поради омикрон сојот на коронавирус кој пристигна на Балканот но и во соседството,македонските здравствени власти не размилуваат за воведување на нови анти ковид мерки за време на новогодишните и божиќни празници, како што тоа го прават европските земји.

Засега не, прилично е стабилна епидемиолошката состојба. Имаме континуирано намалување на бројот на новодијагностицирани случаи.И во втората анализа проверка на делот од дијагностицираните случаи не се најде ни делта плус сојот, така да во таа смисла сметам дка нема потреба од никаква рестрикција-рече Венко Филипче-мин за здравство.

Иако празнично посебно туристичките центри ќе се наполнат со гости од опкружувањето но и странци,Филипче вели дека се подиспразнале болничките капацитети на некои оддели во државава,надевајќи се-како што рече, дека нема да има влошување и појава на некоја нова варијација на вирустот.Тој единствено упати да нема групирања, да се почитуваат пропишаните протоколи,носење маска, држање дистанца.

Министерот во заминување проговори и за актуелните измени на законот за здравствена заштита -дали истите ќе донесат или не,приватизација на итната медицинска помош.

Станува збор за законско регулирање на тоа што веќе се случува,возилата за итна медицинска помош од приватните здравствени установи,едноставно  да се стават во  законска рамка.Целокупниот друг систем останува ист, итната помош останува во јавното здравство,уверува Филипче.

Ќе имаат екстра можности лекарите специјалисти да работат не само во својата установа, насекаде во државата да се дисперзираат различни специјалности, да може  лекарите и со нив сестрите дополнително да заработат- вели Венко Филипче-мин за здравство.

Со измена на законот за здравствена заштита се овозможува било кој лекар од било која државна или приватна здравствена установа да може да дежура со цел да се овозможи во еден  дел од денот потребна служба-рече Филипче при денешната посетна на болницата Свети Еразмо каде со странска динација, се обезбеди медициска опрема.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста