Македонски систем – Македонците во Кина не можат да извадат пасош, па мора да се враќаат дома

Неизвестна судбината на тринаесет македонски државјани кои студираат и работат во Кина . ПОради тоа што македонската амбасада во Пекинг не е во Акциониот план на Владата за прием на барање и издавање на пасоши преку македонските амбасади се приморани да се враќаат дома. Кина важи за земја со најдолг карантин и  најстроги правила во интернационалните летови, па враќањето назад во Македонија може да ги чини прекин на студии и губење на работни места.

  „Уште пред неколку месеци се обидов да стапам во контакт со Амбасадата на Македонија во Кина  и со МНР за да добијам информации како би го обновил пасошот  со оглед на ситуацијата во светот. Ми беше кажано дека не е можно да го направам тоа таму и најсоодветно е да се вратам дома и лично да го направам истотот„-изјави Валентин Велковски

   „Во моментот во Кина не е дозволен влез за студенти , односо границите не се отворени за студенти што значи дека јас би требало да ги прекинам студиите доколку ја напуштам Кина „-изјави Сара Кировска

  „Излегување од државата каде што сме сега значи  губење на работни места  и прекин на студии. Затоа замолуваме уште еднаш надлежните институции да најдат решение да направат отстапка , да  ни излезат во пресрет , бидејќи нашата иднина овде е загрозена„ –изјави Момоза Вељановска

За да се реши проблемот македонските граѓани во Кина доставиле и петиција до МНР од каде што бараат  во Акциониот план за 2021  Пекинг од наредниот месец  да биде ставен на распоред  на мобилна екипа на визниот центар за поднесувњее на барања  и издавање на изготвени  псоши на македонски државјани.  Согласно законот доколку ваква потреба имат повеќе од десетмина министерството е должно да испрати екипа, објаснува ДРган Миташев, преставник на македонската заедница во КИна, кој поради Корона кризата речиси цела година не може да се врарти назад. Но поради строгите правила и задолжителен карантин од триесет дена од МНР одговориле дека засега не постои таква опција.Бараат помош од МВР, да им се овозможи барем сега додека трае кризата документите да им  ги средат членови на семејството…

  „  Постои друга солуција. Веќе постоечките пасоши со нивните биометарски информации да се обноват тука во Македонија и да се пратат по дипломатска пошта на МНР. Списокот на луѓе кои треба да ги обноват пасошите Амбасадата на Македонија во Кина ги има „-изјави Драгн Миташев

 И од МВР  им одговориле дека отстапки нема да прават, документите мора да се поднесуваат лично , а податоците се земаат исклучиво со техничка опрема со софистициран софтвер .Така што најдобро решение им е да се вратат дома или да се јават во македонските конзулати кои се влезени во планот за издавање на пасоши.

Миташев во име на македонската заедница во Кина уште еднаш испрати апел до надлежните да им излезат во пресрет, бидејќи во догледно време бројот на граѓани кои ќе се соочат со ваков проблем може да биде уште поголем.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста