„Мајкрософт“: Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е успешен пример за далечинско учење

Компанијата Мајкрософт“ го издвои Универзитетот „Гоце Делчев“ како успешен пример за премин од физичко учење во онлајн настава.

„Со 15 факултети и над 9.000 студенти УГД е еден од најдобрите универзитети во македонија. Со учење на далечина овој Универзитет почна да експериментира во декември 2019 година. Во март 2020 година повеќе од 4.400 студенти и 360 предавања активно се одржуваа онлајн користејќи ја „Мајкрософт 365“ платформата. Со ова Универзитетот „Гоце Делчев“ е првиот Универзитет во Македонија кој без никаков проблем се префрли на учење на далечина задоволувајќи ги потребите на студентите во свет во кој побарувањата од дигитални алатки се се поголеми“ – се вели во текстот на официјалната страница на „Мајкрософт“.

„Нашата мисија е да ги поддржуваме образовните потреби на нашите идни лидери“ – вели Мишко Џидров, професор на Универзитетот. 

Промената во време на корона – кризата ја направија многу брзо, а веќе првата недела по затворањето на универзитетите за физичка настава УГД го направи првото онлајн-предавање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста