Трифун Костовски: Ако планираа да не затворат, тоа требаше да го сторат пред една година, а не да дозаглавиме со уште 15 милиони евра

На затворањето на „Еуростандард“ реагираше и нејзиниот сопственик, бизнисменот и поранешен градоначалник Трифун Костовски. Тој ја обвини Народната банка за двојна игра.

Тој смета дека и покрај тоа што банката била во финансиска криза, НБМ цела година им наметнала строги мерки, поради кои не можеле да работат и да заработат. Костовски смета дека никако не можеле да ја извлечат банката од калта бидејќи не можеле да работат, за да имаат пари за да ја подобрат состојбата. Мерките на Народната банка, според него, дополнително го влошиле портфолиото.

„ НБМ не прифаќаше ниту еден од нашите предлози за надминување на состојбата и за евентуална продажба на банката“, вели Костовски во изјава за еден медиум.

Тој смета дека се работи за еднострана одлука на Народната банка, која ако сакала да ги затвори, тоа требала да го стори уште пред една година, наместо да направат дополнителни 15 милиони евра загуби.

Костовски за во петок најавува пресконференција на која на јавноста ќе и се обратат акционерите на банката.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста