ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев е црна точка во Европа

Неспособната и неодговорна власт на Заев потфрла на сите можни полиња, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е црн рекордер по заразени и смртни случаи од корона вирус во регионот на еден милион жители. Бројот на заразени достигна 12.357 лица што е над 6 пати повеќе од прогнозите на Филипче, а бројот на починати е 532. Македонија стана црна точка во Европа која ги загрозува и останатите земји. Никакви протоколи и заштита немаат здравствените власти поради кои ни се случуваат скандали како заразените патници кои ги патуваа од Скопје до Турку во Финска.

Патем протоколи ниту соодветен план немаат ниту за дома. На помалку од дваесет дена од почетокот на новата учебна година нема одлука како ќе се одвива наставата со што во неизвесност ги ставаат децата, родителите и наставничкиот кадар.

Дополнително економскиот аспект на кризата станува уште полош. Десетици илјади лица ги изгубија своите работни места, а уште толку земаат намалена плата или пак воопшто не ја зеле. Агенцијата за вработување го криеше бројот на лица кои останале невработени, со цел јавноста пред избори да не види со каква неспособна власт си има работа. Капак на сето тоа власта им испорача поскапа струја за 7,5% со што директно се удри по џебот на народот, на сметка на енергетските компании во кои изминатиот период беа непотистички и партиски вработувани лица блиски до власта. Ние сме единствената земја во регионот, а и пошироко која во време на корона епидемијата ги поскапува енергенсите исто како што сме единствената земја на која и пропадна банка со што се загрозува банкарскиот сектор и нормалните исплати на пензии, социјална помош и плати за десетици илјади семејства. Битно министерката за финансии Ангеловска навремено ги повлекла своите депозити од банката која пропадна, а другите нека чекаат и нека се снаоѓаат како знаат и умеа, слично како во мрачните времиња на транзицијата и пропаста на ТАТ, потенцираат од партијата.

Македонија со Заев нема иднина, туку само тоне се подлабоко и подлабоко. Нивниот криминал, корупција и неспособност уште долго време ќе предизвикува последици по стандардот на граѓаните, стопанството и економијата. Тоа мора да престане, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста