Ковид кризата коси-во тетовско за една година без работа останале повеќе од 7500 лица

Ковид кризата сериозно го зголемува бројот на невработени.Во тетовско, за само една година, без работа останале повеќе од 7500 лица.Најголем процент се луѓе кои биле вработени во преработувачката дејност и трговијата.        Полошко е печалбарски крај,па според експертите ова било очекувано.Во потрага по подобар живот,многумина заминуваат во странство.

  • Нормално е токму во овој крај да имаме такви негативни последици од кризата. Мислам дека очекувано е да биде тоа така, за Тетово и околината. Последиците ги гледаме низ цела држава.Нажалост како што гледаме ситуацијата не само што не се подобрува, туку се усложнува-рече Џевдет Хајредини- поранешен Министер за финансии.

Според податоци на Центарот за вработување, минатата година во март, во Тетово имало околу 13 илјади невработени.До крајот на минатиот месец пак,има евидентирано над 20 илјади.Со оваа бројка, Тетово е на второ место според број на невработени во државата,после Скопје. Бројките константно се зголемуваат,а со оглед на кризата која сеуште трае,трендот се очекува да продолжи и годинава,велат експертите.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста