Британскиот сој коси во Македонија – во моментов не се размислува за дополнителни рестрикции

Последни нарачани, а први ќе стигнат – руските вакицни утре ќе слетаат во Македонија. Имунизацијата со првите три илјади дози на „Спутник V најверојатно ќе почне в среда во здравствените домови најави министерот за здравство Венко Филипче. За почеток, вакцинацијата ќе биде наменета за 3.000 граѓани, по што се очекува да пристигнат дополнителните дози за ревакцинација.

“Ги добивме од руската компанија сите потребни документи за да се подготви административната процедура во Агенцијата за лекови, што значи увозна дозвола и сега во текот на викендот и непосредно по доаѓањето и дозволата да се стави во употреба.Од „Спутник V“ се очекуваат 200.000 дози или со оние од „Астра Зенека“ вкупно 2.200.000 вакцини треба да стигнат во земјава.” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Наскоро се очекуваат и кинеските вакцини, но точен датум и количини повторно нема. Филипче единствено објасни дека се завршени сите потребни административни работи со компанијата.

И додека ги чекаме големиот број на антиковид вакцини кои го имаме само на зборови – бројките на заразени со ковид-19 загрижувачки растат во земјава. За дополнителни рестрикции не се размислува, ама и не се исклучува можноста.

„Се покажа дека британскиот сој на вирусот е причина за над 70 проценти од новите случаи на ковид-19 во земјава. Тоа е посебно карактеристично за некои градови, како Скопје, Прилеп, Неготино, Кавадарци, Охрид.Засега во ниту еден град во земјата не се исполнети условите за ограничување на движењето, но ако се одлучи дека тоа може да има ефект, предвид доаѓаат и такви мерки.” – кажа Филипче.

Расотот на ковид кривата забрзано ги полни и болничките капацитети – ковид центрите во Скопје се полни, а модуларната болница до Инфективната клиника е повторно отворена.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста