Конференција во Париз на тема – Газа, Израел не е поканет
Приближно 80 земји и меѓународни организации се состануваат денеска во Париз за да го координираат испраќањето помош и да проценат како да им се помогне на ранетите во палестинската енклава Газа, но доколку не дојде до прекин на борбите, не се очекуваат конкретни резултати.
„Не е тајна дека денес во Газа пристапот до основните потреби, лекови, вода и така натаму е тежок. Затоа, целта е всушност да се соработува со сите учесници, а исто така и со Израел, да се овозможи подобар пристап“, велат од кабинетот на францускиот претседател.
На состанокот ќе присуствува премиерот на Палестина Мохамад Штаје, но Израел не е поканет. Француските власти соопштија дека го информираат Тел Авив за развојот на настаните.