Преговори за тридневен хуманитарен прекин на огнот
Израел и Хамас водат преговори за тридневен хуманитарен прекин на огнот, пренесува Гардијан, повикувајќи се на агенцијата Асошиејтед прес.
Неименувани официјални лица од Египет и од Обединетите нации (ОН), но и западни дипломати, тврдат дека паузата подразбира и ослободување на десетина израелски заложници кои ги држи Хамас.
Евентуален договор би можел да вклучува и влезе на повеќе помош за цивилното население во Газа и ограничени количини на гориво.
Посредници во преговорите се Катар, САД и Египет.