Комеморација за Јовановски во Драмски театар – Скопје

Комеморација за Јовановски во Драмски театар – Скопје

На големата сцена на Драмски театар – Скопје денеска ќе се одржи Комеморација за актерот Мето Јовановски. Посмртните останки на Јовановски вчера беа изложени во капелата на гробиштата Бутел.

Потсетување, македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец почина на 16 ноември на 77-годишна возраст.

Мето Јовановски е роден во 1946 во село Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

Неговата актерка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста