Хамас: Блиску сме до примирје со Израел

Хамас: Блиску сме до примирје со Израел

„Блиску сме до договор за примирје со Израел. Го испративме нашиот одговор до катарските преговарачи“, изјави шефот на палестинската милитантна група Исмаил Ханијех, иако двете страни продолжуваат со борбите и бомбардирањата

Според агенцијата АФП, договорот би можел да вклучи петдневно примирје со прекин на копнените борби и ограничувања на израелските воздушни напади, при што палестинските милитантни групи би ослободиле меѓу 50 и 100 заложници, а за возврат, околу 300 Палестинци би биле пуштени од израелските затвори.

И од Белата куќа кажаа дека двете страни се најблиску до договор за примирје од почетокот на војната.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста