Села и Гаши не сакаат одложување на пописот, ќе се бореле преку Бадентер

Ќе успее ли албанската опозиција да го блокира изгласувањето на законот за одложување на пописот?

Колацијата на Гаши и Села е црвсто на ставот дека пребројувањето на населението не треба да биде одложено, најавија дека нивните 12 пратеници ќе гласаат против донесување на овој закон, велат дека преку Бадентеровиот механизам ќе го спречат одложувањето на пописот.

Нема да го дозволиме одложувањето на пописот. Имаме механизам да спречиме промена или одложување на Законот за попис преку Бадинетеровото мнозинство. Пописот треба да продолжи, не треба да се одложува. Аргументите поврзани со пандемијата не држат, бидејќи процесот на попишување не е поразличен од прес-конференцијата што денеска ја имаме тука. За пописот постои закон, кој треба да се почитува и спроведе до крај, рече Села.

Законот процедурално треба да се гласа со мнозинство од гласови на  пристутните и Бадентер.

Ако негодуваат само Алијанса и Алтернатива, а другите пратеници кои се претставници на останатите малцински заедници дадат поддршка за изгласување на законот за одложување, тогаш Бадентерот на партиите на Гаши и Села нема да им помогне. Се позивесно е дека нема да обезбедат доволно пратеници за Бадентерово мнозинство, оти партијата БЕСА е во колаиција со СДСМ, а Заев е за одложување на пописот, а зелено светло дадоа и од ДУИ.

Имајќи го во предвид бојкотот на опозицијата, нивното оспорување на процесот на попис, блокадата на собранието, започнувањето на вакцинацијата и имунизацијата на населението, како и јавното здравје, пролонгирањето на Пописот за резидентните жители на Република Северна Македонија од месец април до месец септември оваа година претставува правилна и правична одлука велат од ДУИ.

И дел од помалите партии пак делумно се согласуваат со одложувањето на пописот, партијата на Апасиев, но и на Павле Трајанов го поздравуваат договорот на Заев и Мицкоски.

Законот за одложувањето на пописот треба да биде преточен во текст денеска на владина седница, а потоа да се испрати во собрание. Министерот за правда Маричиќ вели дека законот ќе биде со европско знаменце односно скратена постапка, оти така и бил донесен примарно законот за попис, а со тоа се оневозможувало поднесување на илајдници амандмани и блокади.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста