КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ ? ВЛАДАТА ДОПРВА ЌЕ НАБАВУВА САПУН ЗА ВО УЧИЛИШТАТА

Владата допрва ќе набавува сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и јавните тоалети, откако веќе се пофали дека се подготвени за корона вирусот.
Одлуката паднала денеска, на владина седница. Освен средства за дезинфекција итно треба да се набават и маски ракавици како и заштитна облека за цариниците и граничните полицајци. Владата донесе заклучок и да го ограничи влегувањето во земјата од кризните подрачја од Северна Италија само преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир. Ќе се одложат и екскурзиите.

  • Владата донесе одлука да ги задолжи сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, како и да организира едукативни часови за превенција од корона вирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје.

Во меѓувреме Светската здравствена организација одговари на десетина клучни прашања најчесто поставувани од земјите каде е веќе присутен корона вирус со цел да се откријат вистините и заблудите.. Како на пример, дали болеста може да се пренесе преку автоматските сушачи на раце, домашните миленичиња или преку пратка или писмо пратено од Кина, како и дали јадењето лук спречува зараза? На сите овие прашања одговорот е негативен.

  • Терминалните скенери се ефективни за детектирање на сомнителни случаи на заразени со корона вирус. Сепак, не може да детектира луѓе кои се инфицирани, но немаат други симптоми. За развивањето на болеста се потребни од два до 10 дена.
    До денес не постои специфичен медицински лек што спречува и лекува корона вирус антибиотиците не служат за борба против вирусите, туку само против бактериите.

До денес не постои специфичен медицински лек што спречува и лекува корона вирус антибиотиците не служат за борба против вирусите, туку само против бактериите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста