Избори во СДСМ: Заев против Зоран

Зоран против Заев, се одржуваат внатрепартиски избори за претседател на СДСМ. Партијата ги нарекува врв на демократијата, а се само со еден кандидат. На ливчето за гласање е само едно име, што ги потсетува луѓето на избори во едно друго време и друг систем. Сепак тоа не ги спречи социјал-демократите ден откако бројките на новозаразени од Ковид 19 достигнаа и речиси 1300 да си прават избори на кој ќе го гласаат Заев за претседател.

До сега ќе имавме 500.000 вакцинирани само СДСМ навремено да ја насочеше енергијата кон набавка на вакцини, наместо на организирање партиски избори со однапред познат резултат-рече Александар Тортевски – адвокат.

Она што е алармантно е што за изборите на СДСМ се користат и дел од државните ресурси, односно сали на општините. (слики)

Поранешни функционери на партијата за изборите во СДСМ со досетки реагираат на социјалните мрежи, повод е речиси празното ливче, на кое недостигаат повеќе кандидрани лица за врвната функција во партијата

Софија Куновска: И вие со еден кандидат,а ?

Опозицијата со сатира го обележува денот на изборите во СДСМ . Велат дека  севернокорејската демократија се повеќе и повеќе продира во Македонија.

Зоран Заев денес не само што е единствениот кандидат и единствениот претседател, веројатно е и единствениот потпретседател, генерален секретар,  и веројатно единствен домар во седиштето на Социјал демократскиот сојуз на севернокорејска Македонија.

*По ист принцип Зоран Заев ја води и Владата на Република Македонија. Не само што е премиер, туку е и нагазувач на судството, креатор на хаосот во финансиите, координатор на партизираните органи на државата, веројатно координатор и на посредниците во набавката на вакцините и воедно единствен и главен виновник за состојбата во која се наоѓа државата денес -рече Валентин Манасиевски – ВМРО-ДПМНЕ.

На внатрепартиските избори право на глас имаат речиси 70 000 членови на партијата. А СДСМ е во улога на државна изборна комисија па цел ден си пренесува излезност на членството по општини.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста