Облачно со врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремен дожд, што кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде околу 0, а максималната ќе достигне до 4 степени Целзиусови.

Утре и во среда ќе дува умерен до силен северен ветер најизразен долж Повардарието и ќе има услови за повремен снег на планините и повисоките места. На пониските места ќе има повремен дожд кој ќе преминува во снег. До петок ќе се задржи студено, а утринските температури ќе се најниски во среда и четврток.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста