ПИНТУРО КАЈ СКИЈАЧИТЕ И ВЛХОВА КАЈ ДАМИТЕ ГО ОСВОИЈА ГОЛЕМИОТ КРИСТАЛЕН ГЛОБУС СЕЗОНАВА

Французинот Алекси Пинтуро и словачката скијачка Петра Влхова се освојувачи на Големиот кристален глобус во алпско скијање оваа сезона.
Пинтуро на денот кога го прославува својот 30-ти роденден стана нов шампион во Светскиот куп во алпско скијање откако попладнево победи на велеслалом во Ленцерхајде, што беше доволно тој да ја освои и титулата во велеслалом. Покрај него на подиумот денеска се најдоа уште и Хрватот Филип Зубчиќ односно Матју Фавр од Франција.
Влхова пак беше шеста на слаломот во Ленцерхајде, со што и официјално го потврди она што беше познато од претходно дека сезонава таа ќе биде севкупна победничка во Светксиот куп во алпско ксијање, откако поради лошото време беа откажани трките воспуст и супервелеслалом што значи дека нејзината најголема конкурентката за Големиот кристален глобус Лара Гут Бехрами немаше шанса ниту за настап и ново докажување.
На денешниот слалом инаку победи Австријката Катарина Линсбергер пред Микаела Шифрин и Мишел Жисин.
Влхова претходно сезонава ги потврди малиот кристален глобус во паралелно скијање и слалом.