Инспекторите ќе ја затворат дивата гинеколошка ординација во Струга и бараат одземање на лиценца

Државниот здравствен и санитарен инспекторат ја затвори ординацијата во Струга, во која како што се наведува во соопштението се вршеле прегледи, односно се обавувала гинеколошко акушерска дејност, спротивно на законот за здравствена заштита. Инспекторатот издаде решение за забрана за вршење на дејност поради неисполнување на услови за вршење на истата, а истовремено ќе го извести и Министерството за здравство за одземање на дозволата за работа.

“По двочасовно преговарање со сопствениците на објектот, инспекторите и полицијата влегoa во просториите на спорниот објект , кој имал 25 м2 и бил опремен за ординација за гинекологија и акушерство, при што затекнататата фактичка состојба индиректно укажува дека во него се вршела гиниеколошко акушерска дејност. Притоа објектот воопшто не бил обележан за дејноста.”-стои во сооштението на Дражавниот санитарен и здравствен испекторат.

Инаку ккао што се наведува, просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш. доктор специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во струшката општа болница.Алфа стапи во контакт со сопсвениците на спорната гинеколошка ординација,а еве што велат

“Во спорната ординација не се вршеа гинеколошки прегледи бидејќи во истата немаше услови за обавување на здравствена дејност.Истакнувам дека после пензионирање на д-р Парталоски од 2009 година,поголемиот дел од опремата е продаден,а отстапениот простор  служеше како магацин за останата опрема”- рече д-р З.П.Ш.

При надзорот, приложен е Договор  каде стои дека просторијата се издава на времено користење на ПЗУ Д-р Благоја Парталоски. Наведената приватна здравствена установа ПЗУ Д-р Благоја Парталоски има решение издадено од Министерството за здравство од 1999 година, дека исполнува услови за вршење на специјалистичко гинеколошко акушерска дејност,а која во моментот нема носител на дејност бидејќи д-р Парталоски е во пензија од 2009 година, а има отстапувања и во однос на просторот.

Ова е втора ординација во Струга која затвори Државниот инспекторат, по оваа на директорот на струшката болница др Мухамен Асани кои ординирал во приватна ординација ви неговиот дом.По добиени сознанија, испекторат изврши вонвреден испекциски надзор на ординација во проватна куќа лоцирана на струшкиот кеј, во која работела како што стои во сооштенито, колепка на доктор Асани.

Алфа побара информација од Државаниот санитарен и здраваствен инспекторат дали има сознанија за други гинеколози  во земјава кои работат нелегално,колку гинеколошки ординации се затворени до сега и колку вонредни инспекциски надзори се извршени до сега, но  одговор не добивме.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста