Во Kривичен продолжи судењето за „Друмарина“-Бонева со 7000 докази ќе докажува дека не била рекордер по патни трошоци

Обвинителството со нови четворица сведоци се обиде да ја докаже вината на екс пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Во скопскиот кривичен суд днеска, по предлог на обвинителството, сведочеа сопружниците Бојаџиски, сопственици на станот кој го изнајмувал сопругот на Бонева, Александар Бонев. Во директното испрашување од обвинителот Артан Ајро, сведокот Мијалче Бојаџиски рече дека сопругот на Бонева го изнајмувал  станот два пати по три години, со една година пауза, а го напуштиле пред нецели 8 години. Екс-пратеничката со сопствениците на станот се видела само неколку пати во тој временски период, тврдеше пред судот брачниот пар Бојаџиски.

Дали го изнајмувавте станот на семејството Боневи?

Не на семејството Боневи,  туку на Александар Бонев. Бонева сум ја сретнал прв пат кога дојдоа да го гледаат станот  и кажаа дека он ќе седи. Со Бонева сум се гледал  само кога сме земале кирија,  но многу ретко почесто со Александар – рече пред судот сведокот.

По предлог на обвинителството, сведочеа и две лица кои во периодот додека Бонева беше пратеничка, нуделе услуги за управување на станбени згради. Тие пред судот рекоа дека во периодот додека ја одржувале зградата, каде обвинителството тврди дека Бонева престојувала во близина на МВР,  ја имаат видено во заедничките простории на зградата еднаш или два пати и дека не знаат дали потесното семејство на Бонева биле сопственици на станот.

Екс пратеничката со статус на социјалните мрежи напиша дека и со денешното рочиште се потврдило дека обвинението на Обвинителството е неосновано.

И денешните 4 сведоци на Обвинителството не го потврдија неоснованото обвинение на СЈО, дека сум била сместена во Скопје и дека не сум патувала за Струмица напиша Бонева.

Во случајот „Друмарина”, Бонева се товари за измама со фискални сметки од патарини, која го чинела Собранието околу 100. 000 евра според Обвинителството. Бонева најави дека со 7.000 докази  и 28 сведоци ќе докаже дека не давала лажни фискални сметки и оти не е рекордер по патни трошоци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста