Петтиот пакет мерки презентиран пред синдикатите, бизнисмените со апел на нивно итно донесување

Наместо презентација, нова тура разговори за петтиот пакет мерки за спас на стопанството и граѓаните. По средбата со стопанските комори, владини претставници седна на иста маса и со синдикатите. Средбата заврши, но без епилог. Власта повторно се правда само со разговори, по што ќе се објавел сетот на мерки. И додека кризата се продлабочува, бизнисмените апелираат за итно носење на пакетот помош. Според Миле Бошков, мерките мора да се насочени кон малите и средните компании зашто тие се најпогодени.

  • На оваа најнова средба се зборуваше за новиот сет на мерки кои се во завршна фаза, и тука секако дека ќе влезат и субвенциите за исплата на плати за работниците. Деталите кои уште се во фаза на утврдување, ќе се дознаат деновиве, а фирмите ќе може да земат кредит кој доколку работењето на таа фирма се покаже како успешно може да стане и неповратен кредит. Останува да видиме, и чекаме, вели за Алфа претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Миле Бошков.

Интересот за субвенцирање на плати изминатиот период беше голем а сега таа мерка лесно може да биде злоупотребена, додава тој.

На средбата во Владата се зборувало и недела како неработен ден. Односно секој кој ќе работи во недела да добива за 50% повисока дневница и слободен ден. Колку тоа ќе стане реалност кај нас, останува да видиме.

  • Ова прашање мора да стане реалност кај нас, за работниците да видат бел ден. Газдите мора да исплаќаат празнични дневници, во спротивно ќе се соочат со глоби и санкции, додава Бошков.

Покрај директната помош за плати, петтиот пакет ќе содржи уште неколку мерки за спас на фирмите. Целиот сет ќе тежи околу 50 милиони евра кои се додаваат на сумата од 1,1 милијарда, пари кои Владата ги даде за излез од кризата. Сепак, и покрај поддршката, газдите главно се незадоволни од висината на помошта зашто таа не била доволна, бидејќи досегашните четири пакети не ги дале посакуваните резултати.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста