Годинава празниците чинат досега најскапо

Годинава празниците чинат досега најскапо

Скромно како никогаш до сега. На Бадниковата трпеза и годинава ќе се стави од се по малку, ама за разлика од лани, годинава поскромна од вообичаено, односно најскапа до сега. За Божиќ наместо прасе или барем бут, добар дел од граѓаните велат дека ќе стават по некое ребро и ќофте, ама богата софра како минатите години тешко дека ќе си дозволат, оти како што велат, скапотијата си го направила своето.

  • Поскапо е за разлика од лани. Но сепак, ќе купиме колку можеме. Мора да се стави од се по малку на софра. Бадник, па Божиќ, мора да се прослави, тоа ни е традиција, велат граѓаните за Алфа.

И на пазарите и во маркетите раздвижено, ама граѓаните излегуваат со полу празни торби. Подготовките за празничната трпеза почнаа и се купува кој колку што може, оти примањата не се доволни за достоинствено да се поминат празниците.

  • Мора да поминеме скромно, но сепак во кругот на семејството, со пријателите, сите да сме заедно на едно место, се подготвуваме сите заедно, велат православните христијани.

Граѓаните реагираат дека цените на сите производи се покачени, па затоа ќе мора да се купи само неопходното. Велат, само здравје и се ќе си дојде на свое место. Но имаше и добар дел од граѓаните на кои не им е дојдено до ништо.

Равтовите полни, џебовите попразни, овие празници ќе бидат многу поинакви од претходните. Пазарџиите не паметат ваква лоша година.

Лепче со паричка, печена тиква, суви пиперки, гравче, посна сарма, риба, пита со праз – кај некого побогато кај некого поскромно. Вака изгледа бадниковата трпеза кај православните христијани. Костените се провдаат по 130 денари, оревите 250, гравот 400, смоквите 350, бананите 70 денари.

Оваа година кризата се чувствува најсилно, па голем дел од граѓаните ќе стават на маса тоа што можат да си дозволат да го купат.

За големиот празник пред Божиќ, не смее да изостави бадниковото гранче – симбол на светлина и топлина во домот, симбол на здравјето и вечната среќа.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста