Фатени 78 мигранти во близина на Штип (Видео)

Вака утринава изгледаше дворот на штипската полиција. Полн со премрзнати и изморени мажи,жени и деца.

Тие се дел од групата мигранти кои рано утринава полицијата ги пронајдее во товорно моторно возило. Камионот со скопски реистарски таблички се движел на патот во изградба Штип-Кочани.

Откако шоферот не застанал на даден знак, им станал сомнителен, при што успеале да го сопрат и во задниот дел од камионот пронашле 78 мигранти.

Од каде транзитирале мигрантите и колку платиле за оваа рута, од полицијата засега нема информации, но се претпоставува дека доѓаат од јужниот дел на државата.

Возачот на возраст од 46 и неговиот совозач 32 годишен маж и двајцата од Велес се приведени. Други детали, освен тоа дека се преземат мерки за расчистување на случајот, од СВР-Штип засега не откриваат.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста