Бензините поевтинуваат за три, а дизелот за 2,5 денари по литар

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 3, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 денари. Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 56, а Екстра лесното масло за домаќинство за 45 денари. За 3,175 денари поевтинува и мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 30,390 денари.

Изминатата недела цените на нафтените деривати на светските берзи под притисок на коронавирусот драстично се намалија, и тоа кај бензинот во просек за 10,40%, кај дизелот за 9,63%, кај екстра лесното масло за 9,47%, а кај мазутот за околу 12,01%. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот е намален за 0,35%.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста