ОДЛОЖЕН МЕДИУМСКИОТ МРАК-КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ И ВЛАДАТА ЌЕ БАРААТ РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ

Одложен најавениот прекин за реемитување на домашните и странските ТВ канали. Прекинот беше најавен за 2 март на полноќ е со исклучок на каналите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.
Договорот за одложување падна на средбата на Здружението на информатичко-комуникациски технологии со премиерот, Оливер Спасовски, и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
На средбата било разговарано за последиците кои ги носат измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги. Исто така, известуваат од Владата дека констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време.
– На средбата е констатирана свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.
Со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение, има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.
Имено, вчера Делегацијата на ЕУ ја повика Владата, ТВ-станиците и кабелските оператори во Република Македонија, да седнат да преговараат и да изнајдат одржливо решение заедно со Регулаторот за медиуми, што ќе ги почитува слободата на изразување, слободата на медиумите и пристап до информации за сите граѓани.
Викторија Миткова