Експресно затворен случајот „Двојник“ за издавање пасоши на белосветски криминалци

Без казна за ниту една крупна риба започна и заврши решавањето на мега скандалот „Мафија“. Кривичниот суд ги прогласи за виновни и останатите тројца обвинитети. Шалтерскиот работник Фарук Буки е осуден на три години затвор, додека службеничките Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ се осудени условно на една година затвор доколку во наредните три години сторат друго кривично дело.

Иако постојат огромни сомнежи дека луѓе од највисоките ешалони на власта се вклучени во овој скандал, судскиот процес се водеше само против обични вработени во полицијата.Обвинителството, аферата со нелегалното издавање на  пасоши го стави на товар само 11 лица, 10 од управните служби на Министерството за внатрешни работи  и едно лице беше обвинето како посредник.

Казната на Буки е најдолгата изречена од судот за случајот „Мафија“. Откако осум лица признаа вина добија казна затвор помеѓу една година и седум месеци  и две години и седум месеци а еден доби условна. Сите осудените беа гонети само за злоупотреба на службена положба, а не и за злосторничко здружение затоа што не биле обезбедени докази за тоа дело.

Истрагата ќе продолжи за да открие дали и кои функционери од повисоките структури на МВР помагале во операцијата. Пасошите се издавани од јуни 2017-та до јануари 2021-ва на криминалци и нарко-босови од повеќе балкански држави барани со меѓународни потерници. За издавањето на нелегалните пасоши се користеле украдени лични податоци од македонски државјани кои со години не доаѓале во државата. Аферата ја обeлодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ со објавување на  имиња и презимиња  на криминалци на кои биле давани легални македонски пасоши со туѓ идентитет. Меѓу оние имиња кои предизвикаа најголема реакција кај јавноста беше Седат Пекер познат нарко бос баран во Турција за строрени низа кривични дела. Пекер во видео овраќање кажа дека се сретнал дури и со премиерот Заев, сепак обивнителството засега, изјавата на Пекер не ја искористи за макар премиерот да биде повикан на информативен разговор.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста