Алфа во Белград: Новиот клинички центар во завршна фаза

Нов, ултра модерен, современ Клинички центар, единствен од таков вид на Балканот и трет по големина во светот се гради во срцето на Белград. 12 катната зграда, со панорамски поглед, е во завршна фаза, а првите пациенти ќе може да ги прими до крајот на оваа година.

На површина од 133.000 м2, новиот клинички центар во Белград ќе почне со работа до крајот на годинава. Инвестицијата е 125 милиони евра, во кои се вклучени и 40 милиони евра за набавка на комплетна опрема. До новиот Клинички центар веќе е проектирана пристапна улица која болницата ја поврзува со главниот автопат кои минува долж Белград.

Фокусот, ќе биде ставен на Угрентниот центар, каде пациентите ќе се лекуваат според сериозноста и итноста на здравствениот проблем, а на располагање, ан едно место ќе им бидат доктори од различни специјалности . Ќе има 32 операциони сали, ПЕТ центар, сали за коронографија, центар за изгореници, и целосно роботизирана операциона сала.

Сите доктори ќе доаѓаат кај пациентот, а не пациентот да оди кај докторите, целата дијагностика ќе се наоѓа во Ургентниот центар, два скенери, магнетна резонанца, две ангио сали, две мали хируршки сали, рентген кабинет, гастроскопија. На едно ниво ќе има 32 операциони сали, од кои четири хибридни и едн комплетно нова операциона сала со Да винчи робот, тоа е најмодерен робот што работи лапароскопски операции. Она што е карактеристично и специфично за Ургентниот центар тоа е делот на интерзивна нега, на третиот кат, со 150 болнички кревети за највисок степен на лекување.“ – вели Марко Ерцеговац – директор на Ургентен Центар Белград.

Главниот инженер на проектот, вели дека објектот ќе има високо софистицирана фасада, единствена од таков вид во светот, која ќе може да се вентилира по природен пат. Зградата има централна климатизација, со двојни заштитни прозори, кои се отвораат диру и на највисоките катови, но се безбедни за пациентите.

По искуството со короната, целата болница со сите 1000 болнички кревети, од интензивна или полуинтензивна нега, опремена е со вентилација и проток на кислород, што значи секој пациент без разлика дали се наоѓа на најниското ниво во Ургентниот центар или на 12 кат на гастроентерологија ќе добива исто ниво на кислород“ – кажа Зоран Чупиќ – директор на сектор за инженеринг.

На највисоките осум ката ќе има по 30 соби со приватен тоалет во секоја соба или по вкупно 60 болнички кревети на секој кат. Докторите признаваат дека изградбата на нов објект е секогаш поефтина варијанта отколку да се реновира и преадаптира нешто што е направено пред децении и според други поинакви стандарди.   

Се покажа дека степенот на заедничка, тимска работа е многу покомфорен за пациентите, отколку денешниот систем на поединечни Клиники, кој подразбира транспорт на пациентите и лекарите низ различни објекти. Се знае, иградбата на нова зграда секогаш е поефтина отколку да се реновира стар објект.“ – вели Марко Ерцеговац – директор на Ургентен Центар Белград.

Изградбата на Клиничкиот центар почнала во Декември 2018 година. Тој делумно се гради врз објект стар близу 40 години, кој бил изграден но не бил ставен во функција. Но, другата половина од зградата е нова градба, со цел да се зголемат капацитетите за лекување. Последни во употреба ќе бидат пуштени првите два ката од старата зграда, кои целосно ќе бидат реновирани, а таму со работа ќе се вратат сите амбуланти и поликлиники кои со години го користеле просторот. За целиот Клинички центар проектирани се над 800 паркинг места.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста