Експерти: Возачите во Тетово се дел од проблемот за сообраќајниот хаос во градот

Колони возила, сирени, нервозни возачи и сообраќаен метеж е речиси секојдневната слика од тетовските улици и булевари.  Таквата состојба низ градските сообраќајници е често основа за дилемата во јавноста- дали ќе се најде начин да нема сообраќаен хаос и метеж во Тетово.

Огромен е бројот на граѓани кои не ги почитуваат знаците и правилата што значајно влијае за  создавање метеж низ градските улици но и сообраќајни незгоди , алармира Тони Ласовски професор по стручни предмети за сообраќај во средношколскиот центар „Моша Пијаде“

Една сообраќајна незгода, може да замислите колку се создаваат колони, нервоза, свирење и така натаму и на тој начин дополнително се оптоварува сообраќајот и на тој начин доаѓа до губење време, нервозни возачи, метежи-седат во место возилата со десетици и петнаесет минути и на тој начин имаме нефункционирање на сообраќајот во град Тетово вели Тони Ласковски.

Од полицијата велат дека режимот на сообраќај низ градот е одлука на општината, а полицајците работат само на санкционирање на возачите кои не ги почитуваат правилата.

Под сообраќаен режим симплифицирано се подразбира определување на паркиралишта, пешачки зони, определување на еднонасочни улици, регулирање на сообраќајот на крстосниците, регулирање на сообраќајот на крстосниците, регулирање на брзина на движење по улиците иткн. рече Марјан Јосифовски.

Уште во првите месеци од работата на новиот градоначалник беше најавено дека за надмнинување на состојбите ќе има многу повеќе паркинг места и катни гаражи. Исто така на повеќе улици се воведува сообраќај само во една насока,  се поставуваат нови знаци и грпки на патиштата.

При реконструкција на улиците, постоечка сигнализација не се враќа повторно и сега имаме случај кога возачите знаат дека една улица е пат со првенство на минување е главен пат, а другата е споредна а тој си продолжува да се однесува како така. Сообраќајната сигнализација, непостоењето на сообраќајната сигнализација ги става на исто рамниште улиците и доаѓа до конфликтни ситуации вели Тони Ласковски.

Јавниот превоз на патници со автобуси е една од можностите за помалку возила на улиците, но новата општинска власт рече дека времено ќе се стопира поради потреба од реорганизација.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста