Експерти : Во Македонија не постои про-руско расположение, но постои едно огромно разочарување од ЕУ

Големото разочарување на Македонците од Еврпската Унија во јавноста се дефинира како про-руско расположение, што за експертите е тотално погрешно. Тоа што довербата кон ЕУ се намалува со текот на годините, се должи на двојните аршини и големото лицемерите на европските челници, уште од почетокот на независноста, смета поранешниот амбасадор Ивица Боцевски. Прашањето, дали е реално про-руското расположение, уште повеќе се актуелизираше по руската агресија врз Украина, за Боцевски, Македонија ниту навива ниту зазема страна, но секогаш била на страната на владеење на правото, сепак разочарувањето од ЕУ си стои.

Во Македонија не постои проруско расположение, но постои едно громно разочарување од ЕУ. Борел вели дека сите нации прават избор помеѓу владеење на правото или владеење пиштолот, еден свет на право и свет на гола агресија, а што беше грчкото вето ако не гола агресија? Што е бугарското вето? Од овие причини граѓаните се разочарани во однос на приципите, македонците веруваат и се надеваат на членство, но разочарувањето е нормално – вели Ивица Боцевски, поранешен амбасадор.

И поранешниот амбасадор Ристо Никовски смета дека разочарувањето потекнува од понижувањата кои ги трпиме, а за кои Европската Унија молчи. За него, синтагмата про-руски е измислена, ама не и ниската доверба во западот.

Зачудва фактот после се што ни правеа Брисел и Вашингтон, е право чудо како се уште македонскиот народ е длабоко уверен, ориентиран кон ЕУ, дека тоа ќе биде наше решение дека мнозина мислат дека тече мед  млеко, во принцип се тоља што се случува после незавинсоста на мк она што го прави Брисел, е понижувачко насочиме кон реформите да не шириме  психоза дека утре ќе почнеме преговори со ЕУ – вели Ристо Никовски, поранешен амбасадор.

Последното разочарување од европските челници ни пристигна директно на наша адреса, кога високиот претставник Борел ни вети волја но не и датум.

Дека довербата во ЕУ опаѓа, покажа и истражувањето на фондацијата „Конрад Аденауер“  и Институтот за демократија Социетас Цивилис. Ако во 2019 година, 43% од испитаниците Унијата ја сметале како најголем сојузник, минатата година довербата падна на 13%. 45% од Македонците кои биле анкетирани пак, би поддржале Евроазиска унија предводена од Русија. 

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста