Еко активистите незадоволни од Шилегов – бараат независна советничка листа

Еко активистите незадоволни од политиката на градските власти – со независна советничка листа ќе излезат на локалните избори, за да станат дел од  Советот на Град Скопје. Според нив само така може да се подобри животот на Скопјани.

Мој град како плтформа постои два месеци има над 100 000 посети, на таа платформа скопјани може да ги поднесуваат своите предлози за како сакаат да го подобрат нивниот град, и тие предлози мора да се појават на советот на Град Скопје .За жал до сега сите предлози беа одбиени од Советот и затоа ние се решивме на ваков чекор, да формираме една листа со советници со која ќе излеземе на лоКалните избори– вели еко активистот Горјан Јовановски од Зелен хуман град.

За градоначалникот Шилегов кој многу од ветените проекти не ги исполни, ама во пресрет на локалните избори ја засили популистичката агенда, активистите сметаат дека нема никаква стратегија. Според нив ова што сега се случува е театар во кој главните актери ги имаат корумпирани политичари.

Нема никаква стратегија за управување со овој град, еден град кој има низа програми низа стратегии, за енергетска ефикасност, за управување со отпад, за урбани топлински острови, некој кој е на функција и ништо од тоа не спроведува значи не знае што прави. Шилегов не знае што прави – вели Драгана Велковска  – еко активист и советник во Град Скопје

Можеби Скопје и по четири години не доби комунална полиција, испадна од трката за „Зелена престолнина во Европа“, многупати се најде на врвот на најзагадени градови, ама затоа Шилегов на помалку од три месеци до изборите почна да највува грандиозни проекти. Еден од нив е трамвајот кој беше најавуван и во неговата претходна кампања, деновиве потпиша договор за изградба на мост со четири коловозни ленти помеѓу Карпош 4 и Злокуќани кој ќе чини 382,5 милиони денари, а ќе купува и нова Градска куќа за администрацијата.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста