Во цел свет делта сојот се шири, само македонските власти не ја гледаат опасноста од оваа мутација
Светската здравствена организација алармира, но Македонија тактизира. Делта сојот опасно се шири, но заштита од него во вид на засилени мерки кај нас засега нема. СЗО предупреди дека ширењето на делта сојот може да продолжи и во наредните недели и да предизвика катастрофални последици. Алармот го вклучи и Европската агенција за лекови (ЕМА). И двете меѓународни организации како еден од проблемите ја посочуваат вакцинацијата која се одвива многу бавно. Ако итно не забрза процесот, делта сојот до крајот на август може да опфати дури 90 проценти од случаите.
И покрај ваквиот аларм, кај нас надлежните демонстрираат смиренст. Проценките на здравствените власти се дека треба да се воведат рестрикции ама од септември и само за невакцинираните лица.
Ова отвора дилеми со какво сценарио ќе се соочиме во август доколку го држиме ова темпо со вакцинација, односно со по пет илјади боцкања дневно само со прва доза? Или вкупно, од кога започна вакцинацијата без зажан термин кои се одвива три дена вакцинирани се само 17.440 граѓани.
Дека треба да стравуваме од ширење на делта сојот ако не вакцинираме поголем број од населението, предупредува и епидемиологот Сашко Олумчев.
Епидемиолозите истовремено апелираат – децата до 14 години да се вакцинираат за да не бидат таргет на делта сојот.
Досега се вакцинирани 686.788 граѓани со една доза, а ревакцинирани се 252.338 граѓани.
Ања Василева