Две милијарди евра странска инвестиција воСрбија, Македонија ги губи и тие што ги има

Странските инвеститори ја заобиколуваат Македонија. За разлика од нас, и во време на корона кризата останатите држави од регионот се атрактивни за вложување за најголемите корпорации од странство. Една од нив, јапонската компанија „Нидек“ одлучи да инвестира близу две милијарди евра во фабрика во соседна Србија. Корпорацијата која се обидува да го прошири производството во Европа ја избра Србија за следна дестинација за изградба на капацитет за производство на мотори за автомобили на електрична енергија. „Нидек“ веќе планира да го стартува производството во Франција и Полска, но планира фабриката во Србија да  биде еден од најголемите производствени центри на компанијата во Европа. До 2023-та, во Србија треба да се произведуваат 300 илјади мотори на годишно ниво.

И додека Србија полека станува лидер на Балканот во привлекување странски инвеститори, Македонија губи. Новата Влада за неполн месец раскина два договори со странски компании. Првиот со германската компанија Кеслер која во Бунарџик најавуваше 150 работни места на високообразовани кадри. Договорот со Кеслер беше постигнат на крајот на 2017-та.

Владата, исто така, и даде дозвола на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони да го раскине договорот со фармацевтската компанија Саген. Се означи и стартот на изградбата на објектот со свечено засадување на 300 години старо маслиново дрво. Дрвото остана, но договорот се раскина поради неисполнети услови на инвеститорот за закуп. Дополнително, во матичната земја, Албанија, еден од сопствениците на компанијата се гони за криминални активности.

На стартот на мандатот на владата на СДСМ во 2017-та, премиерот и министрите во повеќе наврати се пофалија со странски инвестиции кои ги донела претходната владејачка гарнитура. Многу инвестиции кои се најавуваа останаа само на најави , како тие дека ИКЕА ќе влезе во земјава и дека ќе инвестираат гиганти како Фолксваген, Гугл, Фејсбук. Заев најави 3 милијарди странски инвестиции. Официјалните бројки покажуваат дека во првата половина од годинава вкупните директни инвестиции во земјава изнесуваат 122 милиони евра. Народната банка во април, мај и јуни регистрирала одлив од над 9 милиони евра.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста