ДРЖАВАТА ГО ЗАБОРАВИ ЛЕО, ФЗОМ НЕ ЈА ПЛАЌА ФАКТУРАТА ОД 140.000 ЕВРА
Лажна надеж и празни ветувања, тоа е се што доби од државата младиот, Леонид Индов. Веќе два месеци неговото семејство чека повик од Министерството за здраво, за да се најде начин како да се покријат досегашните трошоци за неговото лекување. Ова беше одлука на Владата, но се чини дека била донесена само за да се замолкнe јавноста, која бурно реагираше оти државата не ја покри рехабилитација и лекувањето на младото момче.
“МЗ не плати и фонд за здраство не одговори. Јас знам дека се избори, но светот не застанал. Ако не плати МЗ како што Министерот вети јавно дали треба да го враќам назад Леонид? “- прашува таткото на Лео.
Министерот за здравство Илир Демири на денешната прес конференија рече дека утре ќе провери до каде е постапката.
Од Фондот пак велат дека второстепената комисија одлучила да се бараат дополнителни понуди за дијафрагмален дтимулатор.
Во моментот се чекаат понуди и од други здравствени установи во странство со кои Фондот соработува бидејќи одговорот од центарот во Австрија каде што престојува осигуреникот не соодвествува со барањето од Фондот. Наредната седница на Второстепената комисија се очекува да биде следната недела кога ќе биде во полн состав, ни одговорија од Фондот.
Младиот Леонид кој мината година доживеа несреќа во Грција и се здоби со сериозна повреда на рбетот, беше искористен само за промотивна кампања и показна вежба дека и Македонија има медикоптер кој може да се користи за итни случаеви. Со помпа беше испратен во Виена, а подоцна оставен неговото семејство од сопствен џеб да го покрие трошоците за лекувањето. Тогаш екс министерот Оливер Спасовски на социјалните мрежи се пофали дека во ноември го промовирале хеликоптерот на МВР со медицинска опрема, а три месеци подоцна сите биле сведоци на капацитетите на МВР и историската можност за прв пат во државата да се реализира меѓународен транспорт на пациент.
Леонид Индов беше испратен во Виена од страна на директорот на ГОБ 8-ми Септември Д-р Христијан Косотв, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и допонителниот замник министер во МВР Митко Бојмацалиев.