Нервозниот Ахмети му се закани на Мицкоски со меѓуетнички тензии, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача дека доаѓа време за одговорност

Нервозниот Ахмети му се закани на Мицкоски со меѓуетнички тензии, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача дека доаѓа време за одговорност

Страв од изборен пораз и заминување од Илинденска или во недостиг на демократски капацитет и реална изборна понуда, Ахмети посегна по тоа што најдобро го знае – закани за нарушување на меѓуетничката стабилност. Првиот човек на ДУИ од митингот во Скопје му се закани на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој постојана нагласува дека дуи е леглото на криминалот во Македонија и време е да заминат од власта. Али Ахмети отиде дотаму, што му порача на Мицкоски да ги бира зборовите и да не започнува како што рече „беља“. Додека првиот меѓу интегративците, се закануваше по мирот и безбедноста во Македонија, неговиот кандидат за претседател на државата зборуваше за европски вредности во дебатата со противниците. Ахмети не заборави да ја употреби и УЧК, ставајчи ја во контекст на нејзината борба и пролеаната крв.

  • Јас патував малку подолго и едвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку збора на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со бисквити. Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорена од освојувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља. Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“ рече Ахмети.

Мицкоски му одговори на Ахмети дека ја разбира неговата нервоза бидејќи ДУИ се соочени со пораз. Ова не е 2001-ва туку 2024-та години, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и доаѓа времето за одговори на многу прашања. Заканите од Ахмети не ме плашат туку ме засмејуваат, порача Мицкоски.

  • Заканите доаѓаат од човек пред политичка пензија, помалку и заборавен, но сепак со добро грло, кое го вежба пеејќи по државни институции, и партиски прослави. Важен му бил на Али мојот оброк од детството, хммм…, чудно па се обидува заканите преку вицови да ги испрати. Ќе му одговорам! Мојот оброк Али во детството го печалеа моите родители со многу љубов и жртва да ме израснат и воспитаат во личност која ќе почитува и ќе се бори за својата Македонија. Но што е важно? Важно е Али да дадеш одговор со што ги хранеше твоите, па денес голобради момчиња печалат милиони, ја купуваат Соравија, или пак како го спечали тој дворец во Зајас кој е како на некој блискоисточен шеик, а не политичар од сиромашната Македонија. Ја разбирам нервозата и паниката бидејќи за прв пат сте прочитани и пред пораз. Доаѓа времето за одговори на многу прашања. Ова не е 2001ва, туку 2024та, 23 години потоа, а ДУИ го претвори во криминална организација од која страдаат и Албанците и Македонците. Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат…“ пишува Мицкоски.

Прозивките и заканите од Ахмети кон Мицкоски, дојдоа истиот ден кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  ја повика албанската опозиција на обединување против оваа власт и заедничка соработка која ќе се темели на принципи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста