Денеска гласаат затворениците, болните, изнемоштените, раселените и оние во старските домови

Денеска гласаат затворениците, болните, изнемоштените, раселените и оние во старските домови

Гласањето во затворот Идризово и во истражниот затвор Шутка денеска се одвива без проблеми. Осудениците до 19 часот имаат право да го остварат своето право на глас за избор на шеф на државата. Во Идризово беше пораздвижено пред избирачките кутии.

За разлика од затворот Идризово, во истражниот затвор во Шуто Оризари, повеќето од осудениците одбија да ги сними камерата. Во помала просторија, влегуваа еден по еден, внимавајќи да не ги фати објективот на камерата.

Во Идризово, на Избирачкиот список се запишани 887 избирачи, а до пладне на гласање излегле 235. Согласно Избирачкиот список денеска треба да гласаат  2. 147 лица кои се на издржување казна затвор или се во притворско одделение.

Исто така гласаат и затворениците од останатите затворски и притворски одделенија во земјава.

Избирачки места денеска има поставено во затворите во Прилеп, Струга Тетово. Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка.

Резултатите од денешното гласање ќе се знаат утре, заедно со резултатите од гласањето во земјата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста