Дедо Мраз им подели пакетчиња на децата на загинатите припадници на АРМ

Со воен хеликоптер Дедо Мраз денеска слета во касарната Петровец и ги израдува децата кои го дочекаа со голема радост. А најмладите скромни во своите желби.

Дедо Мраз со порака и до децата, но и до возрасните. Им се обрати и на политичарите.

Традиционално,припадниците на Воздухопловната бригада на АРМ симболично организираат пристигнување на Дедо Мраз со транспортен хеликоптер на воениот дел од аеродромот Александар Велики.

Секоја година се доделуваат пакетчиња на децата од загинатите припадници на воздухопловната бригада, како и на вработени во оваа бригада и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.

Исто така, пакетчиња беа доделени и на дечиња од училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид, училиште др. Златко Сремац, Социјално ранливи семејства и деца од СОС детското село.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста