Оливер Спасовски од 3 јануари нов технички премиер на Македонија

Од 3 јануари нов премиер на Македонија ќе биде Оливер Спасовски, сегашниот министер за внатрешни работи ќе ја преземе фотелјата на Заев и ќе стане вториот технички премиер кој го имала државата. Вториот фаворит за технички премиер односно Мила Царовска ќе го добие местото вицепремиер за економски прашања.

Одлучено е исто така Санела Шкријељ – актуелна шефица на кабинетот на министерката Царовска, да биде заменик-министерка за труд и социјална политика на предлог на СДСМ, а Славјанка Петровска – шефица во кабинетот на Оливер Спасовски да биде заменик министерка за внатрешни работи, кажа Заев.

Заев вели дека очекува нивните предлози да бидат прифатени во Собранието, а за министрите кои ќе бидат предложени од страна на  ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на маса пред Мицкоски ќе стави критериуми кои тие треба да ги исполнат.

Во ек на расправата и несогласувањата со изборниот законик кој е евентуалниот камен на сопнување за растурање на политичкиот брак СДСМ- ДУИ , Заев вели нема да се откаже од убедување на политичките актери истиот да биде усвоен до февруари кога и се распушта Собранието. На прашањето дали повторно би коалицирал со ДУИ и дали СДСМ имаат доверба во интегративците, премиерот истакна  дека тоа ќе зависело од изборните програми и пуслот на народот.

За утре се закажани средби меѓу лидерот на ВМРО-ДПМЕ и првиот човек на ДУИ ,Мицкоски средба ќе има и со Заев. Се очекуваат предлозите на најголемата опозициска партија за министри и дополнителни министри.  Тие треба да предложат имиња на министер за внатрешни работи и труд и социјална политика како и заменици министри за финансии, земјоделство и информатичко општество.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста