Дали Заеви купуваат гласачи делејќи хуманитарни пакети на полициски час?

Дали хуманитарните пакети од семејството Заеви може да се толкуваат како поткуп на гласачи и влијание на престојниот изборен процес или пак само хуманитарен гест во екот на коронавируост? Дoполнително што истите барем од пред некој ден се делеле во време на полициски час – тврди полицијата.

Обвинителството не дава одговор за ниту едно од овие прашања, па дури ни за резултатот од истрагата од пред неколку дена, кога 11 лица беа затекнати во магацин во Струмица како за време на полциски час носеле хуманитарни пакети од семејството на поранешниот премиер.

За поделба на пакетите на Заеви, освен партиски членови и други лица коишто имале дозволи од општина Струмица и од хумантиранта организација  „Сите заедно можеме“ да се движат за време на полициски час, односно да ја злоупотребуваат дозволата во Куманово беше ангажирана лично и Армијата.

Дали донациите од Заеви се косат со изборниот законик имало дискусија и на владината седница – неофицијално дознава Алфа, но мнозинството министри од СДСМ преовладале со ставот – дека не сме во избори.

Доколку станува збор единствено за хуман гест се наметнува прашањето – зошто семејството на поранешниот премиер пакетите со помош не ги дале на организацијата на Црвениот Крст, па тие да ги распределат каде се потребни?

Полицијата и понатаму го истражува потеклото на хуманитарната помош. Повеќе од 700 пакети наредени на палети пред два дена требало да се товарат и да се распределат по кризните штабови на осум општини. Но, останаа пред магацинот на некогашниот ресторан Герас Цунев каде што волонтерите ги пакувале.

Ова не е прв пат Заеви да бидат магнет за граѓаните во време на полициски час, и минатиот месец исто така, пред нивната куќа во Струмица имаше насобрани граѓани кои чекаа хуманитарна помош откако им било јавено дека таму ќе се доделуваат донации односно брашно, зејтин и шеќер.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста