Дали би се вакцинирале трет пат ако имате можност да бирате со каква вакцина сакате?

Ќе се зголеми ли интересот кај македонските граѓани ако како трета -дополнителна доза ќе може да примат и вакцина од друг производител, освен Фајзер/Бионтек? Во Македонија започнува кампања за трета доза вакцина против ковид-19 за ризичните групи и лицата над 65 години. Но, кај нас препорачана вакцина за трета доза е токму Фајзер/ Бионтек со оглед на тоа дека немаме дози од производителот Модерна. Европската агенција за лекови ги препорача вакцините токму од овие производители, но не сите земји во светот го почитуваат укажувањето..   

Препораката на Национална комисија за имунизација е вакцинацијата со трета доза вакцина против КОВИД-19 да се спроведува со mRNA вакцина (во нашата земја тоа е Pfizer), што е во согласност со светските препораки за вакцинацијата со трета доза со mRNA вакцина. Доколку лицата вакцинирани во странство се вакцинирани со вакцината на Pizer како трета доза, примената вакцина може да се евидентира во системот за евиденција на Мој Термин велат од МЗ за Алфа.

Властите во Србија беа првите во регионот, уште во септември, и одлучија да им остават избор на граѓаните со која вакцина ќе го засилат имунитетот.

Откако започнавме со давање на сите четири вакцина, најбарани се Синофарм и Фајзер. Тие што имаат помалку рекации од Синофарм вакцината се определуваат за нејзе, љуѓето кои патуваат и помладите се повеќе определуваат за Фајзер. Гледате, сега во моментов немаме голема гужва, откако почнавме со аплицирање на трета доза дадени се повеќе од 17 илјади вакцини на овој пункт рече Др. Калабиќ во септември во изјава за Прва.рс.

Сите целосно имунизирани, бустер дозата можат да ја примат по 180 дена од второто вакцинирање. Во Македонија досега имунизирани со вештачки имунитет се речиси 870 илјади, а трета доза примиле само 143 илјади граѓани. Првиот човек на Комисијата за заштита од заразни болести не е кај граѓаните туку кај стручните лица кои не успеале да му објаснат на населението дека вакцините се најдобар излез од пандемијата со Ковид-19.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста