Нов бран на поскапувања – рекордните цени на горивата ќе удрат по џебот на сите

Неопходна е интервенција на државата во цените на нафтата и нафтените деривати по драстичното поскапување алармираат од Организација на работодавачи на Македонија. Само со откажување од акцизата владата реално ќе им се помогне на работодавичите бидејќи со субвенционирањето на фирмите не ја добиваат помошта која е од суштинска за нив.

  • Владата мора веднаш да се прилагодува на новонастанатите услови и не треба да чека, не треба да мисли дека само од себе ќе се реши, туку активно да реагира, но пак ќе кажам, секоја корекција на владата со одредени мерки мора да ги следи пазарните законитости. Сите други решенија кои ќе се направат отпосле, финансиска поддршка, субвенции, тие знаете секогаш имаат одредени критериуми, некој ќе добие, некој не, нема да биде правична како намалувањето на акцизата вели за Алфа Ангел Димитров од Организација на работодавачи на Македонија.

Тие бараат од владата секојдневно да ги следи светските берзи и така да одлучува за новите цени за да не се повтори сликата која не ретка беше изминатите денови со долги редици на бензинските станици.

  • Знаеме дека пазарните законитости нема да дозволат во вакви услови кога секојдневно се качува цената на енергенсите на берзите, нормално да функционира пазарот. Ние сега можеме да напишеме дека цената на нафтата сега е 50 денари, но тоа ќе доведе не само до редици пред безнсинските пумпи туку и до нередовно снабдување и на компаниите кои овие деривати ги користат за загревање.. вели за Алфа Ангел Димитров од Организација на работодавачи на Македонија.

Дека компаниите се пред тешка угорница признава и првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквите неизвесности се смрт за инвестициските активности и за нивниот развој, смета претседателот на Стопанската комора и копретседавач на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески.

Драстичното поскапување на горивата ќе влијае и на транспортот, кој е дел од цената на секој производ. Со оглед на тоа, неизбежно ќе биде и поскапувањето на сите призоводи, што го признаваат и бизнисмените.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста