Пет политички парти најавија тужби до управен суд за одлуките на ДИК

Пет политички партии односно коалиции најавуваат тужби до Управниот суд, заради одбивањето на нивните приговори за нерегуларности на изборите од страна на Државната изборна коалиција.

ВМРО-ДПМНЕ велат дека одбивањето на нивните два приговори го наштетило изборниот резултат. Велат остануваат на барањето за физичко пребројување на гласовите.

ВМРО-ДПМНЕ по решението на ДИК за одбивање на двата приговори ќе поднесе тужба до Управниот суд. Сметаме дека во едни вакви услови Управниот суд ќе донесе правилна одлука со прифаќање на тужбите од ВМРО-ДПМНЕ и со тоа ќе допринесе за враќање на вербата на севкупната јавност во изборниот процес за предвремените парламентарни избори 2020.

Меѓу првите кои објавија дека ќе тужат се Левица. Фронтменот на паријата за Алфа вели се уште не ги поднеле тужбите, оти не им стигнало решението дека и официјално се одбиени , што го добијат ќе реагираат. Тој вчера се огласи и на социјалните мрежи.

„ФИЛИБАСТЕРИНГ се прави без печат!“
(Прва јакобинска заповед)
p.s. Утре следуваат тужбите до Управен суд. Али, со печат

Тужби ќе поднесат и од коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, тие за Алфа велат дека се незадоволни од одлуката на Комисијата. Ќе тужат и од Интегра чии два приговори вчера беа одбиени. Ристовски вели дека покрај тужбите размислуваат и за кривична пријава.

Реагираа и од коалицијата Никогаш северна само Македонија. Тие денеска поднесоа кривична пријава поради како што велат постоење на основано сомневање за повреда и злоупотреба на избирачкото право; повреда на слободата на определувањето на избирачите и извршена измама.

Со наведувањето на името на само една политичка партија, наместо на целата коалиција, избирачите свесно се доведени во заблуда да не гласаат за оваа коалиција која ја сочинуваат неколку субјекти (партијата Единствена Македонија и здруженијата на граѓани ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерни на ВМРО 1990) со што е извршена повреда и злоупотреба на избирачкото право на избирачите; повреда на слободата на определувањето на избирачите како и измама на избирачите. сé со цел да не гласат за реален учесник на изборите“

Политичките партии имаат рок од 24 часа откако ќе го примат решението да реагираат до Управниот суд, кој пак во рок од 60 часа треба да донесе одлука.
Доколку ниедна тужба не биде усвоена пратеничките мандати кои ги освоија партиите ќе бидат и официјални.
Вчера ДИК ги отфрли сите приговори кои пристигнаа до нив, односно 2.142 за кои членовите на комисијата кажаа дека се неосновани, без докази или без потпис и печат на овластено лице.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста