Бумбаровски: Решение за образовните реформи да се бара преку дијалог

Образовните реформи со денови во центарот на јавноста. Родители и ученици не попуштаат пред министерката Царовска, која со европско знаменце сака да го протне законот за дигитализација.

Дали оваа реформа во образованието која што се воведува во образовниот систем  ќе биде подржана од сите засегнати страни  прашува наставникот Гоце Бумбаровски. Ние наставниците се залагаме да користиме новитети во образованието но да одат постепено за да дадат резултати вели за Алфа Бумбаровски.  Колку Македонија е подготвена за учениците да се образуваат од дигитални учебници?

Тоа е друга приказна. Јас не знам дали министерството има податоци колку ученици се вклучуваат на онлајн настава. Колку ученици користат печатени материјали и дали сите ученици имаат еднаков пристап кон образованието. Нели едно од човековите права  правата на децата е правото на образование? Но, за жал во оваа ситуација со пандемијата ни покажа дека ние како општество можеби и не сме доволно спремни да им излезе во пресрет на оние ученици од социјално ранливите категории. За жал има ученици коишто воопшто не следат настава-вели наставникот Бумбаровски.

Бумбаровски смета дека наметнати решенија нема да донесат ништо добро за образованието. Тој се залага за дијалог помеѓу сите засегнати страни..

Дали тоа е решението или дали е неопходно тоа сега да се направи. И уште едно нешто што споменавте на почетокот , зошто не седнеме сите заедно, наставници родители и ученици и да изјадеме едно решение што навистина ќе биде за сите нас. Едно решение кое сите ќе го подржат,гледаме во последно време сите реагираат. Јас како родител го подржувам бојкотот на наставата бидејќи родителите треба одлучиме за нашите деца. 

Наставникот Бумбаровски, иако со години е дел од образовниот процес, вели дека сега, не е сигурен која е целта на реформите на министерството и што треба да се постигне со нив.

-Од самиот почеток како решение или како проблем се најавија реформите имаше промена во изјавите односно ретерирање од страна на министерката и други од владата. Најпрво дека тоа ќе биде од четтврто нагоре, потоа дека само за четвртто.. Следна информација до која дојдов дека ќе има и печатени учебници и дигитализирани, потоа наредна беше само дигитализирани, и искрено јас незнам кој е конечниот став на министерката, на министерството  и ние не знаеме која е целта? Овие измени на законот што тангираат и што нас ќе ни донесат? –прашува Бумбаровски.

Со денови наназад се редат критики и неприфаќање на образовните реформи. за Министерството за образование и науказаконското решение, кое се однесува на учебниците, било во целосна согласност со потребите што ги наметнува светот во кој живеат децата. Жестината на реакциите на учениците, родителите и наставниците, не оди во правец на потврда на ставот на МОН..

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста